Прејди на содржината

Шон Пен: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: актерката → глумицата (2) using AWB
#WPWP #WPWPMK
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Sean Penn with Cristina Fernández crop.JPG|мини|Шон Пен]]
'''Шон Пен''' ([[англиски]]: ''Sean Penn'') ([[17 август]] [[1960]], [[Лос Ангелес]], [[Калифорнија]], [[САД]]) - американски филмски [[глумец]].
'''Шон Пен''' ([[англиски]]: ''Sean Penn'') ([[17 август]] [[1960]], [[Лос Ангелес]], [[Калифорнија]], [[САД]]) - американски филмски [[глумец]].



Преработка од 17:22, 17 август 2020

Шон Пен

Шон Пен (англиски: Sean Penn) (17 август 1960, Лос Ангелес, Калифорнија, САД) - американски филмски глумец.

Животопис

Во 1985 година, Шон Пен се оженил со музичката ѕвезда Мадона со која имал бурен брак, а во 1987 година одлежал и затворска казна од 33 дена, затоа што удрил еден обожавател, кој премногу се доближил до неговата сопруга. Следната година, Мадона повикала полиција, откако Пен ја нападнал физички, а во 1989 година, нивниот брак пропаднал. Пен по вторпат се оженил во 1996 година со глумицата Робин Рајт, а по свадбата, тие се преселиле во едно предградие во Северна Калифорнија, со цел да живеат мирен живот, надвор од очите на јавноста. Нивниот брак завршил со развод во 2010 година, а од него произлегле ќерката Дилан и синот Хопер. Подоцна, Пен стапил во врска со глумицата Шарлиз Терон.[1]

Кариера

Шон Пен се појавил во јавноста во 1980-тите години, како дел од генерацијата која ја сочинуваа Роб Лоу, Том Круз, Мет Дилон итн., а тој важел за „лошото момче“ во таа група, познат по тоа што возел мотор облечен во кожна јакна, се расправал со режисерите и со филмските студија, а физички се пресметувал и со папараците. Сепак, обдарен со голем дарба, тој станал познат по својата методска и трпелива работа на улогите, на кои им се посветувал со месеци.

Пен има настапено во голем број филмови, а двапати ја добил наградата „Оскар“, и тоа, еднаш за улогата во филмот „Мистична река“, а вториот пат за улогата во филмот „Милк“.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Наташа Спирова, „Вљубен сум во Шарлиз, би се женел и третпат“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр. 10-11.