Рамстор со уште еден маркет во Општина Аеродром
На 26.01.2024„Рамсторе Македонија“ го отвори новиот „Рамсторе Експрес маркет“ во скопската општина Аеродром, поточно во населбата Мичурин близу Основнотo училиште Блаже Конески.
Во новоотворениот и модерно дизајниран маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, леб и пекарски производи, како и повеќе од 2.000 други производи. Промоциите, продажните акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет кои ќе траат до 4ти Фверуари, а покрај големите попусти потрошувачите можат да ги искористат и дополнителни бенефиции при пазарувањето со Рамстор клуб картичката.
Во „Рамстор Експрес“ ветуваме брзо пазарење, позитивно шопинг искуство и големо потрфолио на производи со висок квалитет и одличен избор.
Рамстор најавува продолжување на инвестицискиот пораст и развој во земјава, преку нови активности и отворање нови маркети.
Ramstore Macedonia