Здолниште
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/96/COLLECTIE_TROPENMUSEUM_Rok_met_panoramische_beschildering_van_Indonesisch_landschap_TMnr_6217-7.jpg/220px-COLLECTIE_TROPENMUSEUM_Rok_met_panoramische_beschildering_van_Indonesisch_landschap_TMnr_6217-7.jpg)
Здолниште — долен дел од облеката кој денес најчесто го носат жените. Здолништата имаат конусен облик, се носат околу струкот и покриваат дел или цели нозе. Здолништата најверојатно се користеле уште од праисторијата кога облеката не се разликувала меѓу мажите и жените. Познати се машките здолништа, килтови, кои се носат во Шкотска и Ирска.
Поделба на здолништата по должина
[уреди | уреди извор]Низ историјата здолништата најчесто биле долги за што ни сведочат слики, книги и фотографии, сè додека не дошол XX век кој донел револуција во нашето поимање за должината на здолништата и фустаните.
Долго здолниште е она кое достига до подот или скоро до подот
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5a/Batik_Fashion_01.jpg/120px-Batik_Fashion_01.jpg)
Здолниште до глуждовите или „макси“ — поим кој настанал во 1960-тите години
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9a/Dark_Girl_2.jpg/120px-Dark_Girl_2.jpg)
Здолниште до средината на листот или „миди“, поим кој настанал во 1970-тите години
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/73/Striped_Bow_Neck_Blouse_and_a_Navy_Blue_Mini_Skirt_%2818966025833%29.jpg/120px-Striped_Bow_Neck_Blouse_and_a_Navy_Blue_Mini_Skirt_%2818966025833%29.jpg)
Мини е здолниште со раб над колена и под средината на бедрото, изумот често ѝ се припишува на велшкиот моден творец Мери Квант.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c5/Microskirt_%28Karmen_Pedaru_at_Anna_Sui_crop%29.png/120px-Microskirt_%28Karmen_Pedaru_at_Anna_Sui_crop%29.png)
Микроздолништето е екстремно кратко мини здолниште, од шорцот се разликува по тоа што здолништето по средината нема спој.
|