Прејди на содржината

Земјиштен облик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Конусниот рид Салар де Арисаро Салта, Аргентина.

Земјиштен облик или релјефна форма — природна или вештачка[1][2] земјишна образба на цврстото тло на Земјата или некој друг планетарно тело. Облиците заедно сочинуваат даден терен, и нивната расположеност во пределот се нарекува топографија. Во земјишните облици спаѓаат ридовите, планините, клусирите и долините, како и брегови образби како заливите, полуостровите и морињата,[3] но и подводни образби како средноокеанските гребени, вулканите и големите океански котлини.

Физички особености

[уреди | уреди извор]

Земјишните облици се категоризираат според нивните одликувачки физички својства како височината, косината, насоченоста, составната наслоеност, изложеност карпата и видот на почвата. Големите физички одлики на земјишните облици вклучуваат подразбрани интуитивни како насипи, тумби, ридови, сртови, карпи, котлини, реки, полуострови, вулкани, како и разни други структурни и сразмерни елементи (на пр. бари наспроти езера, ридови наспроти планини) вклучувајќи разни видови на копнени и океански водни површини и подземни образби. Планините, ридовите, висорамнините и низините се четири главни видови на земјишни облици. Помали облици се кулите, клисурите, долините и котлините. Движењето на тектонските плочи под Земјата може да создава земјишни облици со издигање на планини и ридови.

Хиерархија на класите

[уреди | уреди извор]
Карстни кули кај реката Ли, Гуејлин, Кина.
Земјишни облици по редови
Ред Облици
Прв континенти и океани
Втор планини, низини, висорамнини
Трет котлини, врвови, водопади, песочни дини, езера

Океаните и континентите се земјишни облици од највисок ред. Елементите се дел од вишите земјишни облици кои можат понатаму да се разликуваат според системска дефиниција како such as возвишенија, разграноци, седла, падини итн.

Некои општ земјишни облици се јамите, врвовите, каналите, сртовите, превоите, вировите и низините.

Терен (или релјеф) е третата или вертикална димензија на земјишната површина. Топографија се занимава со проучување на теренот, иако зборот често се користи како синоним за терен. Кога релјефот е под вода, го користиме поимот батиметрија. Во картографијата релјефот го опишуваат многу различни приоди како изолинии и триангулирани неправилни мрежи.

Елементарните земјишни облици (отсечки, страни, релјефни единици) се најмалите еднородни поделби на земјината површина во даден размер. Ова се подрачја со релативно еднородн морфометриски properties, ограничени со линии на прекинатост. Висорамнината или ридот може да се набљудува во различни размери, од стотици метри до стотици километри. Затоа, просторната распределеност на земјишните облици честопати е размерно зависна, како што е случај со почвите и геолошките слоеви.

Низа чинители од тектониката на плочите до ерозијата и таложењето (природни или предизвикани од човекот), можат да создадат и влијаат на земјишните облици. На нив влијаат и биолошки чинители, како на пр. улогата на растителноста во развојот на дински системи и солени мочуришта, или дејството на коралите и алгите во образувањето на корални гребени.

Под земјишни облици не се подразбираат извесни вештачки образби како канали, пристаниша; географските образби како пустините, шумите и тревиштата. Претежното значење е поврзано со обликот на тлото на Земјата, други планети или тела во вселената. Примери се планините, ридовите, поларните капи и долините, кои се среќаваат на сите земјолики планети.

Гранката која ги изучува земјишните облици се нарекува геоморфологија.

Во ономастичката терминологија, топонимите (географски имиња) на поединечни земјишни образби (планини, ридови, котлини итн.) се нарекуваат ороними.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Szabó, József; Dávid, Lóránt; Lóczy, Dénes, уред. (2010). Anthropogenic Geomorphology (англиски). doi:10.1007/978-90-481-3058-0. ISBN 978-90-481-3057-3. S2CID 251582329 Проверете ја вредноста |s2cid= (help).
  2. Howard, Jeffrey (2017), Howard, Jeffrey (уред.), „Anthropogenic Landforms and Soil Parent Materials“, Anthropogenic Soils, Progress in Soil Science (англиски), Cham: Springer International Publishing, стр. 25–51, doi:10.1007/978-3-319-54331-4_3, ISBN 978-3-319-54331-4, Посетено на 12 август 2022
  3. „Landform“. National Geographic. Архивирано од изворникот 11 октомври 2023.
  4. Room 1996, стр. 75.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]