Прејди на содржината

Маршалов план

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на студена војнастуденовоената Европа и Блискиот Исток која ги прикажува државите кои добиле помош според Маршаловиот план. Сините столпчиња ја прикажуваат приближната количина на помош по држава.

Маршалов план, официјално наречен План за европска обнова — план на САД за обновување на повоена Европа и сузбивање на влијанието на комунизмот по Втората светска војна.[1] Задачата за подготовка на планот ја добил Џорџ Маршал и неговите колеги од Стејт департментот, а покрај Маршал за подготовка на планот најмногу придонеле Вилијам Клејтон и Џорџ Кенан.

Државите учеснички и добиените средства

[уреди | уреди извор]
Творецот на планот - Џорџ Маршал
Држава 1948/49
(милиони $)
1949/50
(милиони $)
1950/51
(милиони $)
Вкупно
(милиони $)
 Австрија 232 166 70 488
 Белгија и  Луксембург 195 222 360 777
 Данска 103 87 195 385
 Франција 1.085 691 520 2.296
 Грција 175 156 45 366
 Исланд 6 22 15 43
 Ирска 88 45 133
 Италија и Предлошка:Country data Трст 594 405 205 1.204
 Холандија 471 302 355 1.128
 Норвешка 82 90 200 372
 Германија[2] 510 438 500 1.448
 Португалија 70 70
 Шведска 39 48 260 347
 Швајцарија 250 250
 Турција 28 59 50 137
 Обединето Кралство 1.316 921 1.060 3.297
  1. Hogan (1987)
  2. Се однесува само на англо-американските окупациони зони кои во 1949 година станале Западна Германија. Планот ја вклучува цела Германија, но не бил примена на Источна Германија.