Христијанска деноминација
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d6/Church_of_Saint_John_the_Arab.jpg/225px-Church_of_Saint_John_the_Arab.jpg)
Христијански деноминации — посебни и одвоени верски заедници во рамките на христијанството. Иако го делат истото име и верување, христијаните се структурно поделени во одделни и различни традиции и црковни заедници.
Поделбите и особеностите помеѓу одделните деноминации се дефинирани со црковната доктрина и авторитет. Прашања што создаваат неединство се на пр. Христовата природа, апостолското наследство и папскиот примат.
Најголемата деноминација е католицизмот, следи протестантизмот, а ним им се придружува и англиканизмот, кои заедно преовладуваат на Запад. На Исток, преовладуваат православието и монофизитизмот.
Христијаните имаат различни ставови за Црквата, заедницата на верниците, востановена од Исус Христос преку апостолите. Но, без оглед на разликите во теологијата и науката, тие главно меѓу себе се сметаат за христијани и членови на една заедничка христијанска црква .