European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Оваа Заедница на практичари (СoP) ќе ја зајакне заедницата на стручно образование и обука ширум ЕУ.

Се однесува на практичари кои се занимаваат со развој на вештини кај младите луѓе и возрасните лица за пазарот на трудот, за да им помогнат подобро да ги предвидат и да се подготват за идните предизвици.

Овој простор има за цел да биде интерактивна платформа за наставници, обучувачи, подучувачи во рамки на компании за вмрежување и размена на добри практики и идеи, за изнаоѓање конкретни решенија за нивните проблеми со помош на колеги, како и одржување чекор со европските политики и придонесување кон европските иницијативи за стручно образование и обука. Да ја приближиме политиката до праксата!

Дискусиите главно ќе опфаќаат учење преку интернет/на далечина, зелени вештини, социјална инклузија и мобилност за учење. Во овој простор, Европската комисија ќе споделува информации и иницијативи кои би можеле да бидат корисни за вас. Оваа Заедница на практичари (СoP) е тука за вас: вклучете се активно! Оваа Заедница на практичари (СoP) ќе биде исполнета со интересни содржини, вклучувајќи вести, развивање на политики и онлајн дискусии.

Ако сте член на ЕПАЛЕ и сакате да се приклучите на Заедницата, подолу можете да кликнете на „побарај членство“.

Силно препорачуваме потенцијалните членови да вклучат што е можно повеќе детали на нивните јавни профили на ЕПАЛЕ (кој сте, каде се наоѓате, вашата професија, вашата експертиза во полето на стручното образование и обука и какви било други информации поврзани со вашата професија што ги сметате за важни, вклучително и линкови до вашата организација доколку е применливо). Ова ќе им овозможи на модераторите на Заедницата да ви дадат соодветни информации, а на остатокот од Заедницата лесно да пристапат до релевантни информации за членовите и полесно да се вмрежат меѓусебно.

Доколку не сте член на ЕПАЛЕ, кликнете на „регистрирај се“ горе, десно на страницата за да станете член на ЕПАЛЕ; после тоа ќе можете да побарате членство во група.

Заедницата на практичари (СoP) се надоврзува на постојната работа вклучувајќи ја и ЦЕДЕФОП Европската заедница на даватели на учење формирана во соработка со Генералниот директорат за вработување, социјални прашања и вклучености и експертската група Платформа на европски здруженија на даватели на стручно образование и обука во 2015 година.

Останете во контакт со динамичната Заедница на практичари во полето на стручното образование и обука.

Community of European VET practitioners – Members' group

978 членови
Image001_5
This is a platform to network and exchange practices and ideas, keep up to date with European policies and contribute to European VET initiatives. Join us and fellow VET practitioners in discussions