Бурлеска
Изглед
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d4/The_High_Rollers_Extravaganza_Co._-_Bend_Her_-_c.1900.jpg/300px-The_High_Rollers_Extravaganza_Co._-_Bend_Her_-_c.1900.jpg)
Бурлеска (претстава) е сценска претстава компонирана од скечеви, хумор, хорски песни и соло-танци.[1]
Потекло
[уреди | уреди извор]Воведена била во САД, во 1868 година од англискиот женски хор. Се развила како верзија на пејачкото шоу, поделена на три дела:
- серија од хумористични песни, урнебесни скечеви и мкомични монолози;
- олио, или комбинација од различни актови(акробации, магионичари, пејачи); и
- хорски изведби и повремено имитирање, или бурлеска за политика или некоја актуелна драма.
Претставата завршувала со егзотичен танчар или боксерски натпревар.
Историјат
[уреди | уреди извор]Во почетокот на 20 век многу изведувачи, вклучувајќи ги Фани Брис, Ал Џолсон и В.Ц.Фидлс, своите кариери ги започнале со бурлески. Додавањето на стриптизот во 1920 година направило ѕвезда од циганката Роза Ли, но цензурата и конкуренцијата од филмот наскоро довеле до крај на бурлеската.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Британски енциклопедиски речник, ENCYCLOPEDIA Britannica, Топер, МПМ, 2005
|
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |