Прејди на содржината

Замена на еровите во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Замената на силните ерови, и тоа > , > (сон, темно), настаната во 10 век и застапена во старо словенските текстови од македонско потекло, е една карактеристична црта на македонските говори, која рано почнала да се развива и да ги изделува како целост во однос на говорите на соседните јужнословенски јазици.

Во српскохрватскиот, како што е познато, овие два гласа се слеале во еден (сан, тамно), а така се случило во коренот и во бугарскиот (сън, тъмно), со таа разлика што пред ь се чувал мекиот изговор на консонантот што натаму можело да доведе до едно помладо по време преминување на тој глас во е (сп. буг. ден).

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Конески, Блаже (2021). Историја на македонскиот јазик: историска фонологија на македонскиот јазик. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 98–104. ISBN 978-608-203-327-3.