Почна изградбата на Панамскиот Канал под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот Канал. Изградбата заврши со еден од најголемите финансиски скандали во XIX век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска поддршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар.
Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот.
Во близина на селото Мрежичко (мариовско) Втората македонска народноослободителна урадна бригада во текот на целиот ден води борба против бугарската гранична единица. Непријателот има 14 метви војници, 3 ранети и тројца исчезнати војници.
Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.
Марти Ахтисари го претставува својот предлог план за финалниот статус на Косово, со кој се предвидува независност на јужната српска покраина под меѓународен надзор.
Во Јужен Виетнам на основа на мировниот Договор потпишан во Париз стапи во сила прекин на огнот. Со Договорот беше предвидено САД да ги повлечат своите трупи, а Владата во Сајгон и Фронтот за национално ослободување на Јужен Виетнам да формираат „Национален комитет за национално помирување“. Силите на Фронтот со помош на северновиетнамската Армија во април 1975 година ги поразиле владините трупи во Сајгон и американската војска, а марионетскиот режим се распадна.
Американскиот претседател Бил Клинтон го укина трговското ембарго воведено спрема Виетнам во 1975 година, по поразот на американските војници во таа земја.
Во селото Никодин (прилепско) бугарската полиција и единиците од прилепскиот гарнизон ја нападнале Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада која марширала кон областа Азот. Бригадата со противнапад го повратила селото нанесувајќи му на непријателот губитоци од околу 20 мртви.
За време на војната во Босна и Херцеговина, над 60 луѓе загинале и уште 200 биле ранети на пазарот во Сараево од топовска граната испалена од српските позиции.
На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство.
Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, „петтемина“ (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички.
Велика Британија предложи план за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел кои ќе бидат економски поврзани, а во Ерусалим да биде воведен меѓународен режим. Евреите го прифатија тој план, според кој добија своја национална држава, додека Арапите го отфрлија. Во 1948 година британските трупи се повлекоа од Палестина. Истиот ден, во Палестина беше прогласена еврејска независна држава Израел, која опфаќаше 77 отсто од подрачјето на историска Палестина. Еден ден потоа, арапските држави влегоа на поранешното британско подрачје, а судирите што избувнаа, Израел ги искористи за проширување на своите територии. Тоа беше почеток на низа вооружени израелско-арапски конфликти кои се претворија во војна.
Џеферсон Дејвис е избран за претседател, а Александар Стивенс за потпретседател на Конфедералните американски држави (робовладетелски држави отцепени од САД).
Признато му е авторското право на францускиот композитор Пјер Дегејтер на музиката за пролетерската химна „Интернационала“. Дегејтер уште во 1888 година напиша музика за текст на пролетерскиот поет Ежен Потје и таа првпат беше изведена истата година спроти празникот на здруженијата на француските социјалистички новинари. При првото изведување случајно е изоставено името на композиторот, па Дегејтер подоцна со години залудно го докажуваше своето авторство.
Втора светска војна: Почна Битката на Неретва, позната како Битка за ранетите, една од најзначајните битки во текот на НОВЈ против фашизмот. Битката траеше до 31 март истата година, а во неа беа спасени околу 3.500 ранети и префрлени на слободна територија.
Во блисина на Илин Врв (во близина на Прилеп) I македонско-косовска ударна бригада со изненадувачки напад ја разбива бугарската колона која е пратена во потера по неа.
Научникот Селман Ваксман и неговиот студент Алберт Шац го открија антибиотикот стрептомицин наменет за болните од туберкулоза. Ваксман својот прв антибиотик го откри во 1940 година, но тој се покажал како токсичен по здравјето на луѓето.
Синот и престолонаследник на царот Клавдиј, Тибериј Клавдиј Цезар Британик, умрел под мистериозни околности во Рим. Неговата смрт го отворила патот на Нерон кон престолот.
Со потпишувањето на Латеранскиот договор меѓу папата Пиј XI и Италија, основана е ватиканската држава. Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.
Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за „ослободена Европа“ и се договорија за основање „општа меѓународна организација за мир и безбедност“ во светот - Обединетите нации.
Браќата Огист и Луј Лимиер, француски хемичари и индустијалци и конструктури на првата филмска камера, патентираа апарат за „примена на хронофотографски отпечатоци“, наречен кинематограф.
Перуанските власти соопштија дека го зазеле последното упориште на еквадорската војска на својата територија и прогласија едностран прекин на огнот во 19-дневната војна со Еквадор.
Втора светска војна: Средновековниот манастир Монтекасино во Италија, претворен во упориште на германските сили, е бомбардиран од страна на сојузничкото воздухопловство.
Во Шпанија е прогласена Република, бидејќи поради внатрешните превирања во земјата, несредената стопанска ситуација и јакнење на републиканското движење, тогашниот кралАмедео Савојски се откажа од престолот. Меѓутоа, поради разединетоста на револуционерните сили, следната година генерал Серано изврши удар и го обнови монархофашистичкиот систем.
Група офицери на вооружените сили на Еквадор, предводени од генерал Гилермо Родригес Лара со државен удар, без крв го ослободи од власт Хосе Марие Веласко Ибара. На чело на државата дојде генерал Лара, а соборениот претседател Ибара доби азил во Венецуела.
Склучен е првиот од пактовите со кои Франција настојуваше да обезбеди хегемонија во Европа - сојуз со Полска против Германија и со Малата Антанта дејствуваа многу силно врз европската политика.
Британскиот министер за надворешни работи Ентони Идн, поднесе оставка во знак на протест поради политиката на попуштање на премиерот Невил Чемберлен кон Хитлер. Кога Черчил го презеде раководењето со британскиот кабинет, Идн како министер беше еден од најактивните државници на антихитлеровската коалиција.
Започнала Битката кај Верден во Франција, најкрвавата битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траела шест месеци, а во која загинале 700.000 војници.
Во Вадуц (Лихтенштајн), на Генералното собрание на меѓународната хотелска агенција „Евротел“ во која членуваат девет земји, Република Македонија била примена за десетта членка.
Посетата на индискиот премиер Атал Бехари Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на влада на соседната земја по десет години, завршила со потпишување на договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот околу Кашмир, како и за намалување на ризикот од војна.
Царот Диоклецијан наредил да се урне новоизградената црква во Никомедија, а следниот ден наредил да се уништат сите христјански храмови и списи во Римското Царство.
Втора светска војна: Американските трупи го зазедоа главниот град на Филипини, Манила, и им нанесоа тежок пораз на Јапонците. Генералот Макартур, кој командуваше со американската Осма армија, имаше посебни причини, за да им се одмаздува на Јапонците. Тој три години порано, се повлече пред јапонската наезда.
Втора светска војна: Изведена е најголемата сојузничка воздушна офанзива. Околу шест илјади авиони нападнаа многу сообраќајни центри во Германија, од Хамбург и Хановер на запад до Берлин и Лајпциг на север. Притоа, на простор од околу 80.000 км. беа исфлени 14.000 бомби од по 250 килограми.
На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем „Попова Шапка“.
Во Битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употребила пушките „мускети“, и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници.
Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјавил дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен Кохова бактерија.
Слободан Милошевиќ го посетил САП Косово, каде што се состанал со месните Срби. Во текот на неговите разговори со Србите и со месните комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Дошло до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанал на страната на народот, изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“
Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24.04.1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет „Кирил и Методиј“, а на 12.11.1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот „Кирил и Методиј“ пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи „Свети кирил и Методиј“.
Францускиот царНаполеон Бонапарт го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговата војска кај Ватерло.
По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Сјији и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.
на Видовден, Слободан Милошевиќ ѝ се обраќа на публиката на Косово Поле по повод шестогодишнината од Битката на Косово. Некои аналитичари неговиот говор го карактеризираат како официјален почеток на српската националистичка кампања.
Авиони на НАТО алијансата соборија 4 авиони на босанските срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за првпат директно се вмешаа во босанскиот конфликт.